Во двор на шеесет и едно годишен жител на струшкото село Лабуништа полицијата пронашла и одзела околу пет метри кубни нежигирани дрва.
СВР Охрид денеска соопшти дека на 4 април во периодот од 16:10 и 20:30 часот од страна на полициски службеници од Полициското одделение Велешта и службеници од шумска полиција во селото Лабуништа дрвата биле пронајдени во двор на Р.С.(61).
- Пронајдени биле нежигирани околу 4,55 метри кубни буково огревно дрво, 2,1 метар кубен буково сечено огревно дрво, 2,15 метри кубни сечени и цепени буково огревно дрво и 0,7 метри кубни дабово огревно дрво, стои во соопштението.
Дрвата, како што е наведени, биле одземени со потврда од страна на шумска полиција бидејќи се предмет на прекршок по член 82 од Законот за шуми.