Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва за Њузмакс Балканс изјави дека шестото студентско барање дошло „директно покренато од Албин Курти“.
„Министер во владата на Северна Македонија и пријател на Курти ме нападна без причина што ги посетив граѓаните на Северна Македонија (во УКЦК во Белград), а потоа тоа стана шесто барање на студентите. Со тоа Курти директно го предизвика“, рече Вучиќ за телевизијата Њузмакс Балканс. Тој не прецизираше за кој македонскиот министер станува збор и каква врска има Албин Курти со студентите.
Вучиќ не даде никаков доказ за своите тврдења.
Шестото студентско барање, се однесува на одговорноста за оние кои дозволија функционери и новинари да ги посетат пациентите кои се лекуваат во Белград како последица од пожарот во ноќниот клуб во Кочани.Тоа барање претходно - на 28 март - беше поставено од студентите во блокада од Медицинскиот факултет.