Стартува Евролигата. Реал Мадрид подобар од Олимпијакос

Честа да ја отварат новата сезона во Евролигата им припадна на Реал Мадрид и грчки Олимпијакос кој воедно го запиша и првиот пораз. Играчите на Реал Мадрид предводени од разиграниот Љуљ ја контролираа играта во текот на целиот натпревар но иако по првата четвртина имаа предност 7 коша разлика на полувремето заминаа само со 2 коша повеќе од Олимпијакос. Иако грчкиот тим поведе во трекот на третата четвртина, сепак Реал Мадрид направи одлична серија и не дозволи противникот да направи поголема предност па третата четвртина ја заврши со резултат 62-53. Последната четвртина Кралевите ја одиграа рутински, не дозволија никакво изненадување и натпреварот го завршија со високи 18 поени разлика. Евролигата од оваа година доби поинаков начин на натпреварување од оној на кој сме навикнати да го гледаме ова натпреварување а стручната јавност упати лавина од коментари дека најелитното Европско кошаркарско клубско натпреварување се повеќе добива примеси на НБА натпреварување. Оваа година за прв пат има само една група каде што секој со секого ќе ги одмери силите а најдобрите осум од вкупно шестнаесет екипи продолжуваат во плеј офф-от.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2016 22:09