Во 21 – то коло од кошаркарската Евролига, екипата на Реал Мадрид му гостуваше на добро познатиот противник од Шпанската лига Баскониа, и успеа да ја забележи 16-тата победа во ова натпреварување и да се задржи на врвот на табелата.

Со резултат од 79-71 во корист на кралскиот клуб, играчите на Реал Мадрид рутински стигнаа до гостинската победа, но дефинитивно на овој натпревар резултатот ќе остане во сенка на потегот кој го направи младиот словенски репрезентативец Лука Дончиќ кој успеа да направи нешто што на многу врвни играчи нема да им успее.

Во продолжение погледнете го фантастичниот дриблинг на Лука Дончиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2017 21:26