Скопје и вечерва се гуши во загаден воздух, за среќа не толку како вчера. Денес најзагадени делови од градот со ПМ 10 честички се Лисиче со 762 мг/м3 што е повеќе од 15 пати над дозволената граница, Ректорат 752 мг/м3 што исто така е над 15 пати повеќе од дозволеното, Карпош со ПМ 10 честички од 629 мг/м3 и Гази Баба со 551 мг/м3.
Вчера пак најголемо загадување имаше во општина Карпош со ПМ 10 честички од 1.105 мг/м3, што е над 20 пати повеќе од дозволеното според Европските директиви (50 мг/м3). Канцерогените честички во воздухот со големина помала од 2.5 микрометри (ПМ 2,5) беа 206 мг/м3, што е над 10 пати од пропишаната граница.
И воздухот во Центар беше доста загаден односно таму ПМ 10 честичките беа 421 мг/м3, а ПМ 2,5 се 356 мг/м3 додека во Лисиче 667 мг/м3 и во Газибаба 618 мг/м3.
Воздухот во Скопје и околината е екстремно загаден и над дозволената граница а препораките од Министерството за животна средина и просторно планирање како и од Институтот за јавно здравје се: да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, впвеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва како и ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.
Фото: Донче Илијоски, извор: Фејсбук