Демократски фронт, најголемата опозициска коалиција во Црна Гора соопшти дека со поддршка на Русија ќе организира референдум за членство на земјата во НАТО.
Демократскиот фронт дека ќе организира “народен референдум“ доколку владеачкото мнозинство продолжи да инсистира одлуката за членство во Алијансата да биде донесена во Црногорскиот Парламент а да не бидат прашани граѓаните на Црна Гора.
Лидерот на опозициската партија Андрија Мандиќ истакна дека идејата за референдумот е поддржана од официјален Кремљ.
Од друга страна пак, црногорските власти тврдат дека руските националисти стојат зад наводниот обид за преврат во октомври, што вклучувал планови за убиство на тогашниот прозападен премиер Мило Ѓукановиќ поради политиката на неговата Влада за полноправно зачленување на Црна Гора во НАТО Алијансата.
Од Русија пак негираа дека имаат било каква поврзаност со политичките случувања во Подгорица но и дека ги поддржуваат црногорските групи кои се спротивставуваат на членството на Црна Гора во НАТО. Се очекува процесот на пристапување кон НАТО алијансата на Црна Гора да биде завршен оваа пролет.