Делегатите на денешното изборно Собрание на Ракометната федерација на Македонија му дадоа едногласна поддршка и нов четиригодишен мандат на актуелниот претседател Живко Мукаетов. Од вкупно 37 присутни делагати сите 37 гласаа за нов реизбор.

Старо – новиот Претседател, упати голема благодарност до сите присутни кои му ја дадоа поддршката како и до сите љубители и поддржувачи на ракометот. Покрај ова истакна и дека во иднина ќе работи макотрпно за да во наредните 5-10 години, Македонија стане ракометна велесила.

Новост по одржаното изборно Собрание на РФМ е што од денес Наумче Мојсоски добива нова улога во Македонскиот ракомет и станува дел од Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2017 19:08