На 10.02.2017 (петок) во хотел „Континентал" ќе се одржи 11-тата тортијада „Слатка мистерија 2017" , чиј домаќин е општина Гази Баба. Ревијалниот дел ќе биде од 17:00 до 19:30 часот, а официјалниот дел ќе започне по 20 часот, кога ќе бидат претставени натпреварувачите, а ќе има лицитација на тортите и прогласување на победниците.

Учество ќе земат слаткарници и ресторани, кои професионално изработуваат торти, но и заинтересирани граѓани во категоријата аматери.

Во ревијалниот дел, ќе учествуваат 50 аматери и професионалци од девет скопски општини, а спонзорите на своите штандови ќе нудат бесплатна дегустација на своите производи.

Првпат на „Тортијадата" ќе учествуваат и ученици од општината, кои ќе се натпреваруваат во декорација на торти.

„Тортијадата" ќе биде проследена со културно-забавна програма и настап на естрадни уметници и актери. Собраните пари од продадените торти ќе бидат донирани на Центарот за деца со посебни потреби во населба Железара.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2017 00:05