„За мене денеска ова претставува посебно задоволство што сум овде во Општина Гази Баба, во ова населено место бидејќи тука започнавме практично и го поставивме камен темелникот пред неколку месеци, а сега можеме да видиме како овој прекрасен објект се пушта во употреба.
Децениски проблем, околу 200 дечиња сега своите часови по физичка активност, по физичкото образование нема да морат да ги вршат надвор, туку ќе имаат своја сопствена сала и конечно ќе можат да поминуваат тука со своите наставници.
Така што навистина претставува задоволство, му честитам на градоначалникот за посветеноста, на советниците, администрацијата во Општина Гази Баба којашто ја подржува работата на градоначлникот, пратениците во македонското собрание и ценам дека кога вака една хомогенизирана група заедно работи нема како, а да нема резултати.
Задоволството на граѓаните е огромно, а уште позначајно за нас е задоволството на најмладите, на дечињата што добија еден ваков репрезентативен објект со европски услови. Јас би посакал уште многу вакви објекти да никнуваат ширум целата држава.
Така што уште еднаш честитам и нека ни се множат уште вакви објекти, Ви благодарам.“