Американскиот глумец Џек Николсон ќе игра во холивудскиот римејк “Тони Ердман“ шпекулираат Американските медиуми. Магазинот Варајати пишува дека глумецот е подготвен да се активира повторно во филмскиот свет по неговото пензионирање во 2013 година, поради се помалата концентрација која ја имал за памтење на текстови.
Доколку шпекулациите се покажат како точни, ова ќе биде една од поголемите улоги за славниот глумец после неколку години, а во филмот би ја играл улогата на професор по музичко кој креира свое сопствено алтер-его за да и помогне на својата ќерка.
Главната женска улога според информациите ќе и припадне на Кристен Виг, додека Марен Аде, режисерката на оргиналниот филм и која е номинирана за добивање на оскар во категоријата најдобар странски филм, а воедно важи и за една од главните фаворити, пред извесно време изјави дека не и во план и нема намера да ја режира американската верзија на филмот. Германската верзија на филмот која го режираше Марен Аде трае 162 минути, а филмскиот свет шпекулира дека сепак Аде ќе биде вклучена во екипата за реализирање на овој филм но во улога на продуцент заедно со Адам Мекеј.