Кога станува за новите состојки, козметичката и естетската индустрија ги промовира сите необични работи. Од користење на пчелин отров па се до слузот од полжав. Прогнозерите на козметичките трендови предвидуваат дека употребата на канабисот во оваа индустрија ќе добие на се поголемо значење а ќе биде наменето за разубавување на луѓето.

The Future Laboratory го рангираше канабисот како прв продукт на својата листа кој ќе биде иднина на козметичката индустрија а ќе се користи за подобрување на кожните проблеми на луѓето.

Додека во европа и светот, маслото од канабис е присутно со години, а од неодамна и кај нас, козметичките брендови бараат начин како би можеле марихуаната да ја вметнат како здраствен третман кој би се користел во борбата против акните.

Анализата на The Future Laboratory која е направена од страна на Victoria Buchanan ги акцентира предностите на легализацијата на марихуаната како и потребата од подигнување на свеста за потенцијалните предности на канабисот во справувањето со кожните проблеми и отстранувањето на акните од телото.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2017 03:53