Многумина од нас имаат навика да заспиваат со вклучен телевизор и велат дека така полесно заспиваат. Доколку и вие сте дел од таа група, имајте во предвид дека тоа ви го пореметува процесот на спиење и остава последици на вашето здравје.

Со изгревањето на сонцето и појавувањето на дневната светлината, човечкото тело преку примачите на светлина во мрежницата добива знак дека е време за будење и на тој начин се намалува создавањето на мелатонин – хормон за спиење во организмот. Затоа и научниците се едногласни дека човечкото тело треба да спие во целосен мрак.

Од друга страна пак, кога ќе падне мрак телото добива сигнал дека е време за кревет и не тера на спиење испуштајќи го хормонот мелатонин. Доколку во моментот сте изложени на силен извор на светлина како вклучен телевизор, тогаш ќе имате немирен сон бидејќи светлината значително ги пореметува основните телесни функции, циркуларниот ритам и влегувањето во фаза на спиење во која најдобро ќе се одморите.

Невролошките истражувања покажале дека кога спиеме со светлина речиси секогаш не се чуствуваме доволно наспани, расположението ни е лошо а имаме и тешкотии при самото будење.

Покрај оваа светлина во доцните часови, светлината од приклучениот компјутер како и од пригушените светла не влијаат добро на расположението на луѓето и предизвикуваат чувство на ненаспаност.

Доколку спиете со светлина од телевизор или компјутер пробајте една вечер да заспиете без неа, а доколки неможете, наместете автоматско исклучување и со тек на време вашиот организам ќе се навикне на сон без светлина.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2017 04:12