Доналд Трамп, новиот Претсадетел на Соединетите американски држави оствари билатерална средба со Јапонскиот премиер Шинзо Абе а тоа што е главна атракција во американските медиуми како и на социјалните мрежи е ракувањето кое го имаа двајцата политичари.
Според протоколот на секоја средба политичарите треба да се поздрават подавајќи ги рацете еден кон друг, а веројатно ова ракување ќе се запамети како едно од подолгите во историјата на Американската политика. Покрај ова, интересно беше што Јапонскиот премиер му дофрли на Доналд Трамп дека е потребно да гледа во него, а потоа со прст покажа кон камерите.
На крајот направи гримаса на неговото лице која ја оставаме сами да ја протолкувате.
Како изгледаше сето тоа, погледнете во продолжение.