Демократската партија на Албанците (ДПА) денеска, во општинската сала во Општина Тетово ќе оддржи Централно собрание во проширен состав.
Официјално од партијата не соопштуваат кои се точките за кои ќе расправа највисокото тело на партијата, но според извори од ДПА на собранието ќе се разгледува и треба да се усвои извештајот од последните вонредни парламентарни избори, одржани на 11 декември.
На собранието ќе се расправа и најверојатно ќе се закаже терминот за вонредниот конгрес на ДПА, на кој партијата треба да избере нов претседател, откако лидерот Мендух Тачи си поднесе оставка по лошиот резултат на предвремените парламентарни избори на 11 декември, на кои ДПА освои само две пратенички места.