[photo]
Владата на Србија и белградскиот аеродром „Никола Тесла“ објавија јавен повик за давање под концесија на аеродромот на 25 години, јавува дописникот на „Мета“ од Белград.
Концесијата се дава за финансирање, развој преку изградба и реконструкција, одржување и управување со инфраструктурата на аеродромот, како и извршување на дејноста оператор, се наведува во повикот објавен на интернет-страницата на белградскиот аеродром.
На огласот не можат да се пријават, односно концесија на можат да добијат компании кои управуваат со аеродроми во радиус од 450 километри од Белград. Владата на Србија верува дека годишниот приход од концесијата за аеродромот „Никола Тесла“ би можел да изнесува 10-11 милиони евра, плус надоместокот за концесија од околу 350 милиони евра.
Извор: Мета