Многу студии потврдиле дека умерено конзумирање на вино значајно ја намалува смртноста од кардиоваскуларните заболувања. За благотворното дејство на виното знаел уште и Хипократ, кој го користел како антисептик, седатив, во подобрување на работата на дигестивниот систем и како дел од секојдневниот начин на исхрана.

Постоењето на специфични компоненти во виното, полифеноли (ресвератол и процианиди) кои имаат улога на антиоксиданси и ја инхибираат оксидацијата на „лошиот“ ЛДЛ холестерол. Значаен бенефит е докажаниот механизам за константно покачување на „добриот“ HDL холестерол во крвта како резултат на зголемената синтеза во хепарот. Виното го намалува процентот на миокарден инфаркт. Постои разлика меѓу француското и германското вино, каде подобриот квалитет на француското вино се припишува на неговата поголема продукција на азотниот оксид (NO) поради застапеноста на полифенолите. Tие се важни во намалување на процесот на атеросклероза на крвните садови.

Виното во мали количини, како релаксант доведува до намалување на крвниот притисок во првите неколку часа. Кај здравата популација црвеното вино го покачува крвниот притисок за 2-3 мм живин столб. Кај лицата со висок крвен притисок, влијанието на виното во покачување на крвниот притисок е поголемо, а со тоа и потребата од поголема доза на терапијата за висок крвен притисок. Виното делува инхибиторно на канцерогените механизми на клетката и го намалува ризикот од појава на рак.

Секојдневното конзумирање на црвено вино во умерена количина има заштитна улога во организмот. Тоа е таканаречена ј-форма на ефектот на црвеното вино во умерени количини, спротивно на апстиненцијата и алкохолната злоупотреба.

Значајно е да се спомене и дека Црвеното вино има поголема заштитна улога од белото вино и пивото. Сепак, до сега не се направени многу долгорочни студии кои со сигурност би ги потврдиле или негирале предностите на црвеното вино во однос на другиот вид алкохол.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2017 11:13