Претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС) попладневно реши партиски кандидат за претседател на Србија на претстојните избори да биде актуелниот премиер Александар Вучиќ, јави РТС.

По едночасовната седници на Пртседателството, српскиот министер за внатрешни работи и потпретседакте на СНС, Небојша Стефановиќ изјави дека Вучиќ бил едногласно избран за кандидат за српски претседател на партијата.

Вучиќ од своја страна одби да одговара на новинарски прашање по седницата, туку само кусо изјави дека наскоро ќе биде објавено соопштение во кое „се ќе биде прецизно наведено“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2017 20:04