Во воведниот натпревар од 23.коло на АБА лигата, црвено-белите попладнево гостуваа во Борис Трајковски а натпреварот против Карпош Соколи белградскиот тим го доби убедливо со 37 поени разлика.
Иако по првата четвртина Карпош Соколи имаше и предност од дури 8 поени, сепак по 12 минути игра црвено-белите успеаа да намалат на само минус еден поен негатива. Во втората четвртина, гостите од Белград ја презедоа играта во свои раце, па на полувремето заминаа со предност од 12 поени.
Второто полувреме им припадна целосно на гостите и со нивната доминација на теренот натпреварот го завршија со високи 37 разлика во своја корист.
Кај победничката екипа најефикасен беше Лука Митровиќ со 15 поени, додека во редовите на Карпош Соколи, воедно и на натпреварот, најефикасен беше Драган Лабовиќ кој постигна 20, а забележителен настап имаше и Бојан Трајковски кој средбата ја заврши со 18 поени и 8 скокови.
За Карпош Соколи ова беше десетти пораз во 23. меч во регионалното натпреварување во кое Црвена Ѕвезда има само еден пораз.
Покрај Карпош Соколи, екипата на МЗТ Скопје во рамки на 23-тото коло од ова натпреварување се среќава со тимот на ФМП.