Претседателството на Српската напредна партија едногласно одлучи како свој претседателски кандидат да го предложи досегашниот Премиер, Александар Вучиќ. Според српскиот Блиц, најблиску до премиерската фотеља по започнувањето на претседателската е Ивица Дачиќ.
Според изворите на Блиц, варијантата Ивица Дачиќ да биде предложен за Премиер на Србија а Собранието да го потврди неговото именување е речиси најдобрата варијанта за Вучиќ.
- Сите Министри се верни на Вучиќ, а тој најголемата доверба ја има во Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. Од друга страна Дачиќ исто така е лојален кон Вучиќ и тој претставува најбезболното решение кога да биде именуван како премиер од аспект на внатре партиските односи во Српската напредна партија, вели изворот за Блиц.
Но покрај ова постои уште важен аргумент кој оди во прилог на теоријата зошто Дачиќ би бил следен премиер.
- Од позицијата Претседател на Србија многу е полесно да ја критикувате извршната власт кога таа ја води лидер на коалициона партија од колку кога таа е водена од кадар од вашата партија, - додава изворот.
Досегашниот Претседател на Србија, Томислав Николиќ кој доаѓа од истата партија како и Александар Вучиќ, можно е на претседателските избори да ја трча сам трката пред се поради тоа што важи за проруски човек, а тој е и еден меѓу ретките политичари кои позади себе го има “грбот на шеиците“. Иако тој изјави дека постигнат е договор доколку Вучиќ се кандидира за Претседател тој да се повлече сепак политичките аналитичари во Белград, ја оставаат опцијата отворена, Николиќ сам да ја трча Претседателската трка.