Пописот на капацитетите во трговијата на мало се спроведе заедно со Пописот на капацитетите во угостителството, во периодот од 1 до 12 ноември 2016 година, на целата територија на Република Македонија. Целта на Пописот беше да се обезбедат податоци на ниво на целата земја за бројната состојба на продавниците на мало, видот на продавниците по видови продажба, трговската струка на продавниците, големината на продажниот простор, прирачниот магацин и бројната состојба на работниците, информираат од државниот завод за статистика.

Во Република Македонија вкупно се попишани 18 749 продажни капацитети во трговијата на мало.

Од тоа, 18 266 се продавници (сите видови) и 483 се бензински станици. Најголема концентрација на продажни капацитети (сите видови продавници и бензински станици) има на територијата на Скопскиот регион, 23.8%.

Гледано по општини, најголема концентрација има во: Тетово 8.1%, Куманово 6,9%, Битола 6.1%, Прилеп 5.4%, Центар 5.3%, Струмица 4.4%, Гостивар 4.0%, Чаир 3.9%, Охрид 3.8%, Велес 3.4% и Струга 3.3%.

На територијата на овие општини се концентрирани повеќе од половина од продажните капацитети во трговијата на мало, односно 54.6%.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2017 11:29