Динамичното време во кое живееме несомнено ни налага промени во нашето секојдневие. Покрај сите други работи страда и сонот. Иако постојат голем број на истражувања колку време е потребно на вашиот организам според возраста, идеален сон, сепак ние најдобро си знаеме кога се чуствуваме наспани.

Но да видиме што препорачуваат докторите.

Кога имате бебе и кога организмот почнува да се развива на телото му треба најмногу одмор. До три месечна возраст се препорачува спиење помеѓу 14 и 17 часа, а до 11 месеци се препорачува спиење помеѓу 12 и 15 часа. Кога веќе бебето ќе ја наполни првата година спиењето може да се намали за еден час па така идеалниот сон се препорачува да трае помеѓу 11 и 14 часа. Децата пак на возраст од 3 до 5 години, доволно е да спијат помеѓу 10 и 13 часа, а кога ќе станат првачиња па се до 13 годишна возраст доволно е сонот да им трае помеѓу 9 и 11 часа. Во текот на средното школување, односно од 14 до 17 години, се препорачува организмот да одмара помеѓу 8 и 10 часа. Со самото полнолетство човекот влегува во една друга етапа во животот со многу поголем број на обврски па затоа идеалното спиење по 18 годишна возраст е помеѓу 7 и 9 часа.

Покрај ова стручните медицински лица препорачуваат дека прекумерното спиење во никој случај не му делува добро на вашиот организам ниту пак на вашата здравствена состојба. Долгото спиење може да предизвика кај луѓето дијабетес, зголемување на телесната тежина, главоболки, депресија, болки во грбот, вкочанетост како и болести на срцето.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2017 19:52