Во градот Бодегравен во близина на три училишта биле инсталирани ЛЕД ленти по улиците, кои светат зелено штом е безбедно за поминување, црвено кога има сообраќај по улицата и трепкаат пред менување на светлото.
“Социјалните медиуми, игрите, WhatsApp и музиката се големи одвлекување на вниманието во сообраќајот”, вели градскиот советник Кис Оскам .
“Ние не можеме да го промениме овој тренд, но ние можеме да ги предвидиме проблемите”, додава тој.
Системот наречен + Lichtlijn (светлосна линија), беше развиен од локална фирма и доби критика од Холандската асоцијација на безбедноста во сообраќајот.
Асоцијацијата го обвини системот дека го „наградува лошото однесување“. Од друга страна, фирмата што ги произведува светлата планира да го прошири својот бизнис, ако се покаже дека е успешен системот.