Пестицидите се користат за намирниците да се заштитат од паразити и болести, а со нивната употреба се штити производството и се зголемува заработката иако докажано се штетни за луѓето. Според нивната анализа јаболката е продукт која содржи најголем број на пестициди и затоа се препорачувапред да јадете јаболка задолжително да ја излупите нејзината кора.
Од продуктите кои имаат најмногу пестициди после јаболката следат праски, нектарини, јагоди, грозје, целер, спанаќ, жолти пиперки,краставици, шери домати, грашок и компир. Утврдено е дека 99% од тестираните јаболка, 98% од праските и 97% од нектарините на тестирањата имале остатоци од барем еден пестицид. Во просек компирот имал повеќе пестициди на килограм од кој било друг продукт. Еден примерок од грозд и една пиперка содржеле 15 пестициди. Примероците на чери домати, нектарини, праски, грашок и јагоди имале присуство на 13 различни пестициди поединечно.
Продукти со најмалку пестициди пак се авокадо, пченка, ананас, зелка, замрзнат грашок, кромид, аспарагус, манго, папаја, киви, модар патлиџан, грејпфрут, карфиол и сладок компир. Авокадото е најчисто со само 1% од примероците во кои се пронајдени остатоци на пестициди. Околу 89% од ананасот, 82% од папајата, 88% од мангото немаат остатоци од пестициди. Во сите овие продукти не се пронајдени повеќе од 4 типови на пестициди.
Повеќе пестициди по примерок се особено ретки кај зеленчукот, така само 5,5% од чистиот зеленчук имал траги од два или повеќе пестициди.
Во екстремно токсичната група се нашле лиснатите зеленчуци и лутите пиперки во кои често се наоѓаат инсектициди токсични за човечкиот нервен систем. Се препорачува лицата кои конзумираат големи количини од овие продукти истите да ги купуваат од проверени места.