Возачите кои се најдоа на патот кои ги поврзува Казахстанските градови Актобе и Шимкент мораа да застанат на кратко бидејќи патот им го попречи еден воен хеликоптер.

Нормално е да си помислиме дека при такво слетување, хеликоптерот има некој проблем, но очигледно во овој случај не беше така. Пилотот се реши да го приземји хеликоптерот за да ги праша возачите на камионите каде треба да се упати, односно каде се наоѓа и кој е правецот по кој треба да се движи за да стигне до посакуваната дестинација.

Казахтанските медиуми веднаш го пренесоа овој настан а од Министерстовото за одбрана се уште не излегле со официјална информација околу настанот.

Како изгледаше сето тоа, погледнете во продолжение



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2017 14:30