Вардар се врати победнички од Унгарија по триумфот над ПИК Сегед, а дополнителна награда за вардарци е изборот на Арпад Штербик и Тимур

Дибиров во иделаната постава на колото. Одличните одбрани на Штербик добија и уште едно индивидуално признание, и една од неговите интервенции се најдоа во изборот за најдобрите одбрани на колото.

Рускиот интернационалец Дибиров на дуелот во Сегед покрај одличната игра во нападот, во решавачките моменти тој украде една топка пред сопствениот гол и во контра реализираше за водство од 22:21 најавувајќи го триумфот на „црвено-црните” на гостински терен.

Исто така и Штербик уште еднаш прикажа одлична партија, овозможувајќи им на соиграчите да имаат шанса да постигнат гол во напад. Трипати ги бранеше седмерците на ривалските играчи , а мечот го заврши со 13 успешни одбрани.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2017 15:55