Повеќе од 20.000 деца во Хрватска буквално гладуваат, а единствен топол оброк им е оној што родителите им го носат од народна кујна.

Повеќе од 20.000 деца немаат ни соодветна облека, објави риечки Нови лист додавајќи дека секое петто дете во Хрватска живее под прагот на сиромаштијата.

Според податоци на УНИЦЕФ, родителите на тие деца не се во можност да им обезбедат какви било воншколски активности, а не им се достапни ниту услуги како – логопед.

Волонтери на Центарот за културен дијалог во центарот на Риека залепија налепници со тие алармантни и поразувачки податоци, наведува весникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2017 13:15