Поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ ја обвини Русија за деструктивна политика на Балканот по „спречениот обид за соборување на неговата прозападна Влада“.

Ѓукановиќ, кој се повлече по тврдењата за „проруски заговор“ во октомври со цел „да се спречи земјата да се приклучи кон НАТО“, изјави дека Москва „мобилизирала големо количество деструктувен матерјал кон Црна Гора“.

Тој истакна дека проруски опозициски групи во Црна Гора „сакале да формираат нова марионетска влада, која ќе им служи само на интересите на Москва“.

Црногорските обвинители ја обвинија Русија и нејзините оперативци од тајните служби за планирање „обид за преврат“, кој меѓудругото вклучувал и план за убиство на Ѓукановиќ.

Кремљ демантира дека учествувал во некаков заговор за преврат.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2017 14:32