“После Целје, Горење е најдобрата екипа во Словенија. Освен поранешните вардарци Тоскиќ и Брумен, во составот ги имаат и Цехте, Левец и Митровиќ. Не надиграа во првиот дуел, со цврста одбрана 6-0, играа агресивно и ние тешко доаѓавме до гол. За нас Горење е незгоден противник бидејќи покрај одбраната имаат и брза транзиција и на првиот натпревар ни правеа многу проблеми со брзите контри и полуконтри. Играат со таква динамика што нема да биде лесно. Ќе мораме да најдеме решение за тоа. Тие се фаворити на хартија, но ние ќе се обидеме да го решиме проблемот со нивната одбрана. Тоа ќе биде интересен натпревар. За нас дополнителен проблем се казната на Жарко Пешевски, кој нема да може да настапи на оваа средба, како и повредата на Марко Нелоски, кој има хематом на коленото. Тоа значи дека нема да бидеме комплетни“, вели Червар. “Сигурно е дека тие се фаворити, нам ни преостанува добро да се подготвиме и да ги анализираме. Сега сме можеби покомплетни од оној прв натпревар во Велење. Сигурен сум дека со помош на публиката можеме да им направиме проблеми и да им земеме бодови. Се надева дека публиката ќе дојде во голем број да ни даде поголем мотив за овој последен натпревар во Скопје“, рече Немања Обрадовиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2017 15:34