Главна ѕвезда на црвениот тепих на овогодишното доделување на наградите „Холивуд Бјути Авардс“ во Лос Анџелес беше Парис Хилтон, која заблеска во фустан во сребрена боја.

До неа беше нејзиното ново момче, 31-годишниот манекен и глумец Крис Зилко.

Тоалетата е инаку дело на дизајнерот Огуст Гети, а длабокото деколте и пррдизвика големи проблеми на славната русокоса. 3а среќа, таа практично порасна со провокативните креации и по црвените теписи, па тоа не и е непознато.

Парис Хилтон го искомбинира фустанот со сребрени шпиц потпетици и металик чантичка, а коса ја разубави со помош на екстензија, па така изгледаше како ѕвездите од златното доба на Холивуд, што според многумина, совршено и прилега.

Парис Хилтон  блесна на „Холивуд Бјути Авардс“


Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2017 21:36