Џејми Фокс е главна атракција на Дубровничката ривиера и како што пренесуваат хрватските медиуми тој не пропушта ниту една забава и ја користи секоја пауза од снимањата за новиот филм да се опушти во некое кафуле, ресторан или дискотека.

Но неговото присуство не им се свиѓало на двајца пијани мажи кои вербално го нападнале глумецот извикувајќи погрдни зборови на расна основа против него. Персоналот и сопствениците на ресторанот веднаш реагирале а како што известуваат хрватските медиуми кога излегле надвор тие продолжиле со нарушувањето на јавниот ред и мир па морала да биде повикана и Хрватската полиција.

Глумецот објави слики и видеа на инстраграм од оваа случка, но сепак немилиот настан не влијаел на неговото расположение.

Џејми Фокс вербално нападнат во Дубровник


Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2017 12:39