Во текот на вчерашниот ден во Мостар е запалено знамето на Босна и Херцеговина, што се наоѓаше на зградата на централните институции, јави Танјуг.

Знамето беше кренато вчера над зградата во која се сместени неколку институии и агенции на централната власт во Босна и Херцеговина.

Полицијата врши увид на местото на инцидентот. Се земаат снимки од видеокамерите на блиските зтради и се очекува извршителите многу брзо да бидат најдени.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2017 16:20