Вардар ја прекина победничката серија, но Амандин Лејно продолжува со пантерските одбрани што и ја донесоа и најдобрата одбрана на колото.
На дуелот со Будуќност, нашата голманката во 13 минута имаше извонредна одбрана на шутот на Билјана Нововиќ од шест метри. Во објаснувањето на ЕХФ се вели дека „ако некогаш ви требало доказ дека Лејно е најспортски подготвен голман во ЕХФ лигата на шампионите, седнете и уживајте во нејзините одбрани".