Првиот човек на албанската Управа за спречување перење пари, Агим Исмаили на седница на парламентарната комисија за безбедност изјави дека постои список на фиизчки и правни лица во Албанија кои финансираат тероризам.
Како што јави дописникот на МИА, Исмаили не спомна идентитет на ниту едно од овие лица, но неколкупати повтори дека Обвинителството почнало истрага за разни здруженија во земјата, кои финансирале испраќање борци кои војуваат на страната на терористичките групи во Сирија.
Според бебедносни извори, на боиштата во Сирија и Ирак војуваат над 150 албански државјани, а дел од нив таму се заминати со семејствата. Досега е потврдена смртта на над 20 од овие лица.
Исмаили соопшти и дека Управата покренале 154 кривични пријави за перење пари.
– Покренавме 154 кривични пријави за перење пари, имаме 1.300 извештаи за сомнителни трансакции во период од една година и блокиравме средства од тие трансакции во износ од 28 милиони евра, изјави Исмаили.