Кандидатот на владејачката коалиција за претседателските избори во Србија, Александар Вучиќ ќе победи најверојатно уште во првиот круг, покажуваат резултатите од анкетата на „Ипсос стратеџик маркетинг“.

На прашањето ако изборите се одржат следната недела за кого ќе гласаат, 52,3 од испитаниците одговориле дека гласот ќе го дадат за Вучиќ.

На второ место според бројот на гласовите (13,9) е досегашниот омбудсман Саша Јанковиќ, а потоа (13,3) е поранешниот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ.

Лидерот на радикалите Воислав Шешељ може да освои 11 проценти од гласовите, а лидерот на националистичкото движење Двери, Бошко Обрадовиќ – 3,7 отсто.

Официјалната кампања за претседателските избори се уште не е почната и може да се очекуваат промени.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2017 17:06