Американскиот кантавтор Принц Ројс ја промовира песната „Дежа ву“, која ја сними во дует со популарната пејачка Шакира.

Песната ќе се најде на новиот албум на Принц Ројс наречен „Фајв“, кој музичарот официјално ќе го промовира в петок.

Тој изјави дека „Дежа ву“ не е со толку брз ритам како „Шантаж“, но дека е подеднакво заводлива.

Воедно најавен е и спот за оваа нумера кој ќе биде снимен во Барселона, под режисерската палка на Шпанецот, Жауме де Лагуан. „Дежа ву“ е четвртиот промовиран сингл од новиот петти студиски албум на Принц Рој, во чие снимање му помогнаа и Факуро, Зендеја и Крис Браун.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2017 00:44