Во воведниот натпревар од тековното 13-то коло во ракометната лига на шампиони, словенечкиот Целје го совлада фаворитот во овој дуел Рајн Некар со резултат 37-31.

И во првиот нивни меѓусебен дуел оваа сезона, Рајн Некар потешко од очекувањата дојде до победа, тогаш добивајки го словенечкиот тим на домашен терен со 31-30.

Овој пораз му го олеснува патот на нашиот шампион кон директниот пласман во четврт – финалето. За да го осигура пласманот, на Вардар му се потребни 3 бода од преостанатите 2 натпревари, но би биле доволни и 2 бода , само во случај полскиот Киелце да не победи барем на еден од нивните 2 преостанати натпревари во групата Б.

За Целје, ова е значајна победа во битката со Загреб за последното место кое води во нокаут фазата од Лигата на Шампиони .



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2017 23:39