Косовскиот премиер Иса Мустафа најави дека во продолжение на дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе се разговара и за исчезнатите лица, но и за висината на воената отштета, односно ќе се бара отворање на архивата на поранешна ЈНА, пренесе косовската телевизија РТК.

Мустафа. исто така, најави дека тема на дијалогот ќе бидат и пензискиот фонд за граѓаните од Косово и враќање на нивните заштеди од српските банки.

Тој најави дека Приштина од ЕУ ќе бара „Србија да даде точни информации за движењата на лицата, кои и натаму се водат како исчезнати, и за локациите на масовните гробници во Србија“.

-Ќе бараме отворање на архивата на поранешната југословенска армија, рече Мустафа.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2017 16:00