Најтиражниот дневен весник во Србија, “Vecernje novosti“ политичката ситуација во Македонија ја пренесува со наслов “Криза во Македонија, Ахмети има план Б“.

Националната Телевизија РТС извести за случувањата во Македонија преку вест насловена како “Ахмети: Македонските партии се генератори на кризата“.

Додека “B92“ го пренесе ставот на ДУИ со вест насловена како “ДУИ ги разгледува сите опции’’ “Novimagazin“ извести и за протестите во Македонија а “Srbijadanas“ пренесе информација со наслов “Граѓаните на Македонија не се плашат: Се ќе биде добро, не се плашиме од проблеми“

Telegraf.rs ги информираше српските граѓани за средбата на Иванов со Могерини со наслов “Во Македонија и понатаму напнато: Иванов го одби повикот да го додели мандатот на Заев“ а “Politika.rs“ го пренесе ставот на Руското МНР во однос на Македонската политичка ситуација.

Македонската политичка ситуација, главна тема во Српските медиуми


Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2017 02:15