На прашањето од страна на новинар во однос на ситуацијата на балканот, Александар Вучиќ застана целосно зад одбрана на Македонските интереси на нејзината територија. Одговорот на Вучиќ погледнете го од 32-та минута.

По средбата со високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, премиерот на Србија Александар Вучиќ одржа прес-конфенција за медиумите на која во најголем дел одговараше на прашања поврзани со средбата.

-Ја прашав Могерини: „Дали би молчеле и кога би кажал дека Србите ќе ги преземат работите во свои раце како што тоа го кажаа Албанците во Македонија?“ Нема да ви кажам што одговори, но тоа можевте да го заклучите од нејзиниот говор, истакнува Вучиќ.

-Загрижен сум поради фактот дека сите молчеа на стравичната изјава на Тачи, дури и некои наши медиуми, дека Албанците во Македонија ќе ги преземат работите во свои раце. Тоа некој да го изговореше овде, ќе имаше последици не само за поединецот, туку и санкции за Србија. Тоа се тие двојни стандарди кои што ги спроведува Европската Унија, одговори Вучиќ на новинарските прашања по средбата со Могерини.

“Не е секогаш лесно да ја изговориш вистината и реално да ја претставиш ситуацијата. Србија, без стабилност во регионот нема да напредува“. Истакна Вучиќ на прес-конференцијата по средбата со Могерини.

-Што да одговори на тоа ако јас и кажам дека Србите во БиХ и Црна Гора, кои се околу 30 проценти, треба да ги земат работите во свои раце. Па ќе ме обесат на Теразија за пример. Кој одговор да го кажете кога знаете дека сум ја кажал вистината, вели Вучиќ.

Покрај ова Вучиќ со зборовите “Немојте да го заборавите моментот дека одредени личности добиваа награди за изјавите против Владата во Србија. Прашањето ми е дали Рама ќе добие награда за изјавата нема Македонија без Албанци.. Што е ова што се случува, што се случува со сите... Едниот покренува тужба за ревизија другиот сака да ја завземе Македонија... За што станува збор, дали некој ќе го сопре ова... Тоа што ние ќутиме незначи дека сме слаби... Недвосмислено и го кажав тоа на Федерика Могерини... “ е одговорот на Александар Вучиќ на прашањето како Србија гледа на проблемите кои се случуваат во нејзиното соседство.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2017 03:51