Огромно мнозинство од граѓаните, околу 700.000, на предвремените парламентарни избори покажа дека сакаат промени! Сакаат заедништво - не поделби, правда - не криминал, живот - не режим!

Единствениот начин да се зачува и зајакне унитарноста на државата е преку концептот на едно општество со еднакви права и обврски за сите. Тој концепт веќе победи!

Концептот на ВМРО-ДПМНЕ за внесување раздор изгуби на 11 декември!

Барањето за нови избори е само обид за продолжување на политичката криза и одложување на понесувањето одговорност за криминалите и злоупотребите.

Граѓаните јасно гласаа за квалитетен живот за сите, квалитетно образование и здравство за сите, за држава во служба на сите граѓани, за правда за сите и ова мора да почне да се реализира.

Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да ја почитуваат мнозинската волја на граѓаните. Ѓорге Иванов мора да ја почитува мнозинската волја преточена во 67 пратенички мандати и да го даде на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, мандатот за состав на новата реформска Влада и независни демократски институции.

Граѓаните очекуваат брз и мирен трансфер на власта во Р. Македонија! Тоа е следен чекор, се вели во партиското соопштение на СДСМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2017 15:40