Законот за лустрација предизвика страв и паника меѓу повеќе пратеници од албанскот Парламент, бидејќи, според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК), петмина градоначалници и седум пратеници побарале да направат измени или дополнување во нивните изјави за “чистотата“ на нивната личност, со образложение дека не го разбрале законот.

Според тиранскиот весник „Дита“, меѓу седумте пратеници е и поранешниот лидер на опозициската Демократска партија, екс премиер и поранешен шеф на албанската држава,Сали Бериша.

Бериша на 26 мај 2016 година до ЦИК доставил барање за измена на личните податоци со образложение дека, кога го пополнувал формуларот „не го разбрал законот“, без разлика на тоа што тој беше еден од пратениците кои го изгласаа законот во декември 2015 година.

Барањето се однесува на неговите главни генералии дадени претходно. На формуралот Бериша напишал дека се вика Сали и оти е роден на 15.октомрви 1944 година, а требало да стои Салих Бериша роден 01.јули 1944 година, што му било и вистинското име запишано во граѓанскот регистар.

-Доколку формуларите од Законот за лустрација ги опфати и брачните другари, за Бериша ќе излезе уште еден проблем. Станува збор за неговата сопруга која има српско-црногорско потекло. Нејзиното вистинско име било Слободанка што во превод на албански гласи Лири(ја), а нејзината мајка се викала Милица, пишува весникот.

Ова е веќе потврден факт, се наведува во написот и се додава дека иако мајката на госпоѓа Бериша се викала Милица, нејзината ќерка го модифицирала во Милика.

Тоа е очигледно и доколку се споредат генералиите на Лири Бериша и нејзиниот брат Агим Рамај, на чиј извод од матичната книга на родени кај графата мајка стои Милица.

Се смета дека измените и модифицирањата на имињата во граѓанскиот регистар се направени по 1990 година.

Инаку, Лири (Слободанка) Бериша е ќерка на Реџеп и Милица Рамај. Реџеп бил Албанец, со потекло од Црна Гора, и оженет со Милица Булатовиќ.

Погрешно наведените,непотполни или неточни податоци во формуларот се казниви дела, според член 190 од кривиниот законик на Албанија. / МИА.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2017 16:23