На средбата, соговорниците разменија мислења околу актуелната политичка криза, евентуалниот излез од истата, но и за останатите политички и општествени случувања во земјата.

Претседателот Милевски на амбасадорот Мултановски му ги пренесе ставовите на ЛДП во однос на моменталната политичка ситуација, уште еднаш упатувајќи апел за смиреност и разумност во овие кризни времиња за државата.

Брзото формирање на нова транспарентна, отчетна и чесна влада, мирниот трансфер на истата и нормализирањето на состојбите се и остануваат приоритети како на ЛДП, така и на целата здружена коалиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2017 16:56