На денешната прес-конференција по повод премиерата режисерката Поплавска подвлече дека ова е нејзина прва соработка со Драмски театар, а изборот тоа да биде токму оваа драма на Шекспир, го направиле заедно со директорот на театарот Роберт Вељановски, меѓу другото и поради тоа што ова е еден од најмалку изведуваните претстави воопшто во светот.

- Се зафатиме за комплицирано дело во драматуршка смисла. Нашиот коега Шекспир пред 400 години успеал повеќе приказни вешто да создаде една приказна. Се работи за трагикомедија, жанр кој малку подоцна од Елизабетанското време доаѓа на театарската сцена. Јас како творец ја направив онака како што ми доликува мене и како и сите претстави ќе започне со раскажувачот кој ќе ви раскаже една приказна, рече Поплавска.

Таа изрази задоволство што имала можност изборот на актерите да го направи на отворен кастинг на кој се јавиле над 70 актери, по што пристапила на изработка на концептот на претставата. Доминираат машки актери, затоа што вели, сакала да искуси како е тоа да се прави театар според Шекспировското време кога жената немала можност да игра ниту една главна улога, а главните женски улоги биле давани на млади момчиња чиј глас се уште не бил променет.

Во креативниот процес на создавање на претставата во кој нагласи, имало можност да се едуцира, но и да се прима знаење. Ирена Лозинска како кореограф која е дојдена од Чикаго ја ангажиарала бидејќи го следи нејзиниот естетстки израз, а директор за сценски движења е гостинката од Белград, Маја Митиќ актерка која се занимава со физичкиот театар.

- Со оваа претстава се случи една голема меѓудржавна размена. Сметам дека уметноста не е национална и непознава граници. Одлично соработував со Наташа а важно ми е и што јас можев да пораснам во тој процес, во таа размена на знаење, кој траеше доста долго, рече Митиќ.

Според Јовица Михајловски улогата на Шајлок, која тој ја игра е една од најзначајните улоги во опусот на Шекспир заедно со Хамлет, а го инспирирало тоа што се работи за текст стар 400 години кој не изгубил воопшто од својата актуелност.

- Шајлок е борец против неправдата, нетолеранцијата, за еднаквост бидејќи речениците што ги говори Шајлок се реченици на Мартин Лутер Кинг, на Нелсон Мендела. Тоа е борба за толеранција и почитување на малцинствата од кој било вид, верски, национални... и тоа е она што ја дава актуелноста на Шајлок, вели Мијаловски.

За Диме Илиев, највпечатлива е енергијата, која се развила во процесот на подготовката на претставата од соработката со млади актери, чија подготовка била доста напорна. - Чувствувам дека имаме добра претстава, вели Илиев.

Стефан Вујисиќ, која го игра ликот на Порција, вели дека при креирањето на улогата се обидел да воспостави однос помеѓу Шекспировата Порција и Порција која би можеле да ја сретнеме денес помеѓи нас.

- Сакав да го дофатам тој сензибилитет на жена, а да не биде тоа само една имитација или карикатура, рече Вујисиќ. Во претставата покрај бардовите на македонското глумиште Јовица Михајлобски, Диме Илиев и Анастас Тановски, настапуваат и младите актерски надежи на Драмскиот театар актерите Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски, Златко Митрески, Григор Јовановски, Сергеј Димоски, Јаков Спасов и Марко Илиќ, како и гостинот од Прилепскиот театар Зоран Ивановски. Единствениот женски лик го толкува Јана Стојановска. Костимите се дло на Александар Ношпал, музиката на Јана Стојановска, Лука Ѓоргиевски и Андреј Блажевски, а сценографијата на Емил Петров.

Ова е втора постановка на „Венецијанскиот трговец“ во историјата на македонскиот театар. Прв пат е поставен во 1970 година во МНТ во режија на Хуго Клајн, а улогата на Шајлок му била доверена на бардот Петре Прличко. Подготовката на претставата покрај од Министерството за култура е поддржана и од Арт медија, како и од неколку приватни компании. За оваа претстава изработена е и веб-страница https://venecijanskiot.wixsite.com/dramski.

Инаку, ова е втора премира на Драмскиот тетар за оваа година, а која се игра според програмата за 2016 година. / MИА.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2017 17:22