Денес, заедно со жените од целиот свет, ги прославуваме постигнувањата во унапредувањето на женските права и ја истакнуваме нашата борба за родова еднаквост.

Остануваме посветени на намалувањето на родовиот јаз во општеството и истакнуваме дека родовата еднаквост еден од најважните економски и социјални приоритети на Република Македонија.

Ратификација на Истанбулската конвенција, безбедноста од родово базирано насилство, финансиска и економска сигурност, соодветна политичка, општествена, економска партиципација на жените во сите сфери на општеството, квалитетна репродуктивна здравствена заштита се само дел од заложбите на ЛДП, на кои остануваме максимално посветени.

Честит 8ми Март!



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2017 15:17