Во реонот на Посат во хрватскиот град Дубровник деновиве е снимена последната сцена од новиот филм за популарниот англиски јунак Робин Худ.

Tрилогија за Робин Худ која ќе има сосема нов пристап кон реализирање на англиската легенда, во Дубровник беа присутни и неколкумина оскаровци, меѓу кои е и Џејми Фокс. Робин Худ ќе го глуми Тарон Еџертон, додека улогата на Марион и припадна на Ирката Ева Хевсон.

Филмската екипа за крајот на снимањето ја остави сцената во која е прикажан пожар во едно село. За таа цел со помош на вештачки оган и многу чад до темел беше „изгорено“ селото специјално изградено за потребите на снимањето на филмот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2017 11:03