Програмата на Владата на Република Македонија ќе биде составена од принципите на предизборната програма на политичките партии кои ќе бидат дел од новата Влада, истакна лидерот на СДСМ на денешната прес – конференција на која ја презентираше програмата на Владата која ќе биде предводена од СДСМ.

Програмата ќе се темели на основните принципи од Планот за живот во Македонија. Подобар живто на граѓаните, развој на економијата, демократијата, владеењето на правото, ефикасни институции, брза интеграција на Македонија во Европска унија и НАТО како и подобрување на меѓународниот углед на Република Македонија ќе бидат суштината на работа на новата Влада, додаде Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2017 12:34