Зоран Заев на новинарско прашање кои се следните чекори на СДСМ во однос на добивањето на мандатот истакна дека првиот чекор е веќе направена.

Денеска, скратени од можноста Владината програма да ја презентираме во Собранието тоа го правиме од тука од партискиот штаб на СДСМ. Тоа е првиот чекор кон добивање на мандатот. На овој начин сакаме да го разубедиме Иванов дека повеќе не постојат платформи, туку само изборна програма. Вториот чекор е конституирање на Собранието и избор на Претседател. Тоа беше второто барање на Иванов. По изборот на Претседател, тој треба да го извести Иванов во рок од десет дена, кој е уставен рок според ескпертите со кој се консултирал Иванов, дека е избран Претседател, обезбедено е мнозинство и донесена е програма за работа на Владата. Тоа е втората пречка. Наредната недела ќе се потрудиме со партиите кои ги дадоа потписите како гаранција за владина коалиција да ја надимнеме целосно и оваа пречка, истакна Заев.

На прашањето дали Албанец ќе биде претседател на Собранието, Заев истакна дека сеуште немаат преговарано со коалициските партнери за кадровските решенија но исто така истакна и дека тој лично не гледа на етничката припадност на Претседателот на Собранието туку дека очекува од таа политичка фигура да има доволно капацитет да има доволно капацитет да се носи со таа функција.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2017 13:16