Аболицираниот Зоран Заев имаше шанса да се откаже за само една минута од тиранската платформа, прифаќај ги го предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој се обиде да се задскрие зад идните идните дебати кои ги најави од договорите и ставовите кои СДСМ ги договорил со албанските партии, истакна Милошоски.

Заев уште еднаш покажа дека не го почитува мислењето на народот. Покажа дека е уценет и целосно потклекна под барањата на Албанските партии. До вчера го лажеше народот дека разговарале за принципи и начела а денес јасно истакна дека постои Закон за јазиците кои беше договорен надвор од територијата на Република Македонија.

Господинот Заев не собра храбтост да ги осуди изјавите на Села, негов коалиционен партнер, кој го негира постоењето на Македонците. Зијадин Села со само три потписи го купи националното достоинство на Зоран Заев ако воопто го има, додаде Милошоски.

Сакаме да му укажеме на Господинот Заев дека граѓаните не гласаа за експерти кои ќе водат дебата за употреба и промена на знамето, химната и грбот туку глсаа за политичари кои ќе носат политички одлуки во институциите на Република Македонија, изјави Милошоски на денешната прес-конференција како одговор на промоцијата на Владината програма на СДСМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2017 15:15