Косовската војска, за чие формирање инсистираат властите во Приштина, би дејствувала и во северниот дел на Косово, а покрај лесно би располагала и со тешко оружје, пишува во предлог законот за Косовските безбедносни сили, кој се однесува на формирање војска на Косово, пишува весникот „Блиц“.

Во предлог законот се наведува дека косовските вооружени сили би користеле „соодветно оружје“, би имале редовни 5.000 припадници, а резервниот состав би броел најмногу 3.000 војници.

Како што се нагласува, косовската војска би го штитела „суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово“, ќе им даде воена поддршка на цивилните власти и ќе учествува во меѓународните и хуманитарни операции, пренесе Танјуг.

Сите припадници на војската ќе носат чинови, категоризирани во офицери, подофицери и војници.

Приштина создава вооружени сили, кои вклучуваат воена академија, полиција, воздухопловна единица, единица за поддршка и комуникација, но и копнени сили, национална гарда, логистика, доктрина и обука, пишува „Блиц“.

Судејќи според предлог законот, регрутирањето би било доброволно.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2017 16:49