СВР Струмица поднесе кривичнa пријавa против М.А. (22) и Т.А. (23), двајцата од с.Николиќ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“.

На 27.02.2017 година, во близина на детско одмаралиште во с.Николиќ, во водите на Дојранското Езеро пријавените со употреба на гумен пловен чамец и мрежи извршиле незаконит риболов, при што биле уловени шест килограми крап и два килограми костреж, причинувајќи штета на концесионерот на Дојранско Езеро- ДПТУ „Фишилан“ ДООЕЛ Нов Дојран.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2017 17:50